Економија, финансии, бизнис

Контакт

До мај Срби, потоа Турци ќе носат струја на Косово

До мај Срби, потоа Турци ќе носат струја на Косово

Косовската електро корпорација, КЕК, со цел непречено снабдување со електрична енергија  договори набавка на струја во вредост од три милиони евра.

Според весникот Зери, до месец мај, кога, косовската Електордистрибуција преминува во сопственост на турскиот конзорциум „Лимак-Чалик“, Косово со електрична енергија ќе го снабдуваат две српски енергетски компании Ген и Руднап кои биле избрани на тендерот како најповолни понудувачи.

„Тендерот беше јавен и на него се јавија и други компании. Но понудите на компаниите кои се избрани беа видно поповолни за нашата корпорација. Целата тендерска постапка беше транспарентна, а ја реализираше посебна комисија за тоа“, изјави за Зери, директорот на косовската електрокорпорација, КЕК, Арбен Ѓукај.

Инаку од „Лимак-Чалик“ платиле  26,3 милиони евра со што стана нов газда на косовската електродистрибуција.

Слично

Поврзани вести