До крајот на месецов цените на основните прехранбени производи остануваат замрзнати
Владата донесе одлука со која цените на основните прехранбени производи остануваат замрзнати до 28 февруари.
Ова важи за лебот, шеќерот, брашното-тип 400, сончогледово масло за јадење, трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, свежото месо и сувомеснатите производи, сирењето и урдата, оризот, јајцата и тестенините.
„Со оваа одлука највисоките цени на овие производи остануваат на нивото на редовните цени кои се применувале на 1 декември 2021 година, во трговијата на големо и трговијата на мало, при што се исклучуваат цените на попуст (акциски попуст/снижување/распродажба) кои важеле на 1 декември 2021 година“, велат од Владата.
Интервентната мерка на пазарот, која започна да се применува од 6 декември 2021 година ќе продолжи да се применува до 28 февруари 2022 година.
