Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАВА: Од Скопје ќе се лета до четири нови дестинации-еве кои се тие

ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАВА: Од Скопје ќе се лета до четири нови дестинации-еве кои се тие

Четири нови дестинации ќе бидат овозможени за летање од скопскиот аеродром до крајот на годинава.

Ова го кажа ген.директор на ТАВ Метин Батак во изјава за МИА.

На пазарот во Македонија влегува и британската нискобуџетна авиокомпанија „Изиџет” преку која ќе се лета од Женева до Скопје.

Останатите три дестинации ќе бидат Торино, Болоња и Билунд.

Од друга страна пак, нова авиолинија ќе биде отворена и од охридскиот аеродром до германскиот град Фридрихсхафен.

Директорот Метин посочува и дека во првиот девет месеци годинава, од јануари до септември се превезени 994 237 патници, реализирани 11 203 лета и дека луѓето не се двоумат за патување со авион и покрај пандемијата, почитувајќи ги протоколите за патување.


Фото: Skopje International Airport - SKP


Слично

Поврзани вести