Економија, финансии, бизнис

Контакт

До крајот на 2017 роамингот ќе поефтини за 90%

До крајот на 2017 роамингот ќе поефтини за 90%
Цените на роамингот до крајот на 2017 година ќе се намалат за 90%. На отчетот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва ова го најави министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска. „Обезбедивме граѓаните на повеќе балкански држави да ја исполнат својата желба за поевтин роаминг и слободно движење низ Балканот. Лани еден мегабит беше 370 денари, сега изнесува 43 денари. На 1 јули оваа година ќе изнесува 27 денари и следната година на 1 јули ќе изнесува 12 денари“ - рече таа. Цените на роамингот на почетокот паднаа за 70-80 %, а до крајот на договорот до 2017 година ќе се намалат за 90%.
Слично

Поврзани вести