До кога пратениците ќе расправаат за Импичментот на Иванов?
Дебатите за предлогот на опозицијата за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот на Република Македонија, ќе траат неколку дена.
Расправата во Собранието за оваа тема ќе трае најверојатно неколку дена поради големиот број на пријавени пратеници.
Одлуката за почнување постапка пред Уставниот суд за утврдување на одговорноста на претседателот, треба да ја донесат најмалку 82 пратеници во Собранието на Македонија, а предлогот на претходната собраниска седница беше оценет како неоснован.
Пратениците на власта и опозицијата досега на сите расправи ги судруваа мислењата.
Претседателот на собраниската Комисија за оценување на основаноста на Предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот на Република Македонија, Зоран Илиоски рече дека Предлогот за импичмент на Иванов поднесен од пратениците од опозицијата не е основан.
– Претседателот на РМ Ѓорге Иванов во вршењето на своите права и должности не го прекршил Уставот и законите на РМ, посочи тој. Илиоски рече дека Уставот не е прекршен бидејќи во член 84 го утврдува правото на претседателот на Републиката да дава помилување во согласност со Законот.
