Економија, финансии, бизнис

Контакт

До кога ќе трае кризната состојба за нафта и нафтени деривати?

До кога ќе трае кризната состојба за нафта и нафтени деривати?

Собранието ја продолжи кризната состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври. 

Собранието со 88 гласа „за“, без ниту еден „против“ и „воздржан“, ја донесе Одлуката за продолжување на кризната состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври, пренесе МИА.

Владата претходно, на седницата од 17 јули, одлучи да побара продолжување на кризната состојба поради можност од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати. Со новата одлука, мерките ќе важат од 21 јули до 20 октомври, со цел институциите да можат навремено да реагираат доколку дојде до прекин во снабдувањето или значителни ценовни шокови на светските пазари.

Од Владата истакнуваат дека целта е да се обезбеди правна основа за брза и ефикасна реакција, да се зачува стабилноста во снабдувањето и да се ублажат евентуалните последици врз граѓаните и стопанството.

Слично

Поврзани вести