До кога ќе чекаат корисниците на Ајфони за апликацијата „Мој ДДВ“
Каша попара уште на старт. Апликацијата Мој ДДВ преку која граѓаните ќе прават поврат на ДДВ за оние кои имаат Епл телефони уште не е достапна.
Не запираат поплаките кои пристигнуваат од граѓаните токму за овој проблем.
-Ние сме дискриминирани. Реално е така. Поминаува и четвртиот ден откако ја пуштија апликацијата а таа уште не е достапна за нас кои имааме ајфони. Какви се тие програмери и зошто од УЈП брзаа да ја пуштат кога истата е полна со недостатоци-прашуваат граѓаните на социјалните мрежи.
Од УЈП убедуваат дека апликацијата е недостапна бидејќи се работи за мултинационален телефон и дека истата во наредните денови ќе профункционира.
- Се работи за посложена мрежа и затоа ќе доцни спроведувањето на апликацијата. Наскоро очекуваме и корисниците на Ајфон да имаат пристап до својата апликација. Службите во сите дирекции се на располагање на граѓаните, а секој на кого му е потребна помош може да се јави кај нас, рече Сања Лукаревска, директорката на управата, при презентирањето на апликацијата.
