Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДО КОГА ЌЕ БИДЕ ВАКА: Биткоинот под притисок на златото

ДО КОГА ЌЕ БИДЕ ВАКА: Биткоинот под притисок на златото

Биткоинот го поттисна златото, но сепак не може да биде негова замена. 

Во почетокот на декември, цената на златото беше на најниско ниво од јули наваму, а на 12 декември цената на благородниот метал ја затвори трговијата при ниво од 1.241,70 долари за унца во позадината на релито на берзите и побарувачката на биткоини. Растот на Волстрит и побарувачката на крипто-валутата ја намалила побарувачката на златото, сметаат аналитичарите. 

Никој не верува дека биткоинот ќе го замени златото како засолниште за инвестициите – на крипто-валутата и недостасува околу 5.000 години историја, коментира Адријан Еш, шеф на анлитичарската единица на „BullionVault“.

„Без разлика дали биткоинот ќе се претвори во парично средство, криптовалутата во моментов им нуди на инвеститорите жешка шпекулација, но не и безбедно засолниште“- додава тој.

Набљудувачите го обвинуваат биткоинот за поткопување на растот на цената на златото во последниве денови, објаснуваат од MarketWatch. Ако трговијата со крипто-валутата се намали или падне на берзите, апетитот за средствата-засолништа ќе се вратат.

Слично

Поврзани вести