Економија, финансии, бизнис

Контакт

До кога ќе се одложува судењето во случајот „Дива населба“?

До кога ќе се одложува судењето во случајот „Дива населба“?

Непрекинато одложување го следи судењето за обвиниетите во случајот „Дива населба“.

Откако проблем беше премалата сала, денес се јави нов проблем.

Поради болеста на судијката Верка Петковска денешното рочиште е одложено за во вторник на 31 мај.

Ова судење уште од самиот старт се соочува со низа неправилности.

Беше донесена и одлука според која судењето ќе почне од почеток, но почетокот никако да го видиме.

Врховниот суд по владина одлука му ја отстапи салата за свечености на Кривичниот суд за одржување на судењето во неа бидејќи Основниот суд немаше просторија во која ќе ги собере сите 37 обвинети,  адвокатите, полицајците, роднините и новинарите, па така салата во следните шест месеци ќе ја користи Кривичен суд.

Вооружената група во мај успеа да посее страв меѓу граѓаните во Куманово и ширум земјава, а инцидентот заврши со жртви и од македонската полиција.

Обвинетите категорично тврдат дека не се виновни.

Тие велат дека во случајот не се работело за тероризам и побараа нивниот случај да го преземе специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Во мајските кумановски инциденти загинаа 8 полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени.  Убиени беа и 10 лица од вооружената група.

Слично

Поврзани вести