Економија, финансии, бизнис

Контакт

До кога фунтата ќе паѓа и ќе чека исход од Брегзит?

До кога фунтата ќе паѓа и ќе чека исход од Брегзит?

Фунтaта ќе тоне во заборав „на работ на пеколот", додека инвеститорите немаат јасна вест како и кога ќе почне постапката за излез на Велика Британија од Европската унија. 

Ова го изјави во интервју за БНР, валутниот аналитичар Даниел Рајт од лондонската брокерска куќа „Foreign Currency Direct".

Според него од Брегзит цената на британската фунта може да се сруши уште повеќе.

„Голем дел од ризикот што ги загрижува инвеститорите, доаѓа токму од типот на излегувањето на Велика Британија од Европската унија. Ако се избере т.н..„ Хард Брегзит ",што  значи и излез од единствениот европски пазар, тоа ќе ја погоди сериозно фунтата"- вели аналитичарот.

Според него фунтата може да се сруши и до пониски нивоа од она што го видовме во изминатите денови.

Вели дека најголем проблем со кој се соочува фунтата, е несигурноста, испровоцирана од активирањето на Член 50-и од Лисабонскиот договор и Брегзит. 

Слабата фунта нема да му помогне ниту на британскиот извоз. 


Слично

Поврзани вести