До кога е рокот за потврда на пријавата што УЈП ќе ја пополни за граѓаните
Најдоцна до 31 мај годинава граѓаните ќе треба да ја потврдат точноста на даночната пријава која за нив ќе ја пополни Управата за јавни приходи (УЈП) и ќе им ја прати по електронски пат. Граѓаните можеа до 31 декември да се регистрираат за е-персонален данок, но за сите оние кои не успеаја тоа да го сторат во тој рок, обврската се уште може да се исполни, потврдуваат од УЈП. Регистрацијата е електронска по што листот со податоци за регистрација се носи на некој од шалтерите на УЈП.
Таа институција пак, за нив пополнува даночна пријава која ќе ја имаат на увид преку системот. Ако податоците се точни само треба да се потврдат, ако се погрешни лицето ќе треба да ги коригира. Сето тоа треба да заврши до 31 мај годинава.
Според последните податоци, регистрирани се околу 660.000 граѓани, 320.000 пензионери се ослободени од обврската. Само мал број лица не успеале да се регистрираат, а тоа може да го сторат се уште.
