ДО КАДЕ Е ПРОЦЕСОТ СО ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК: ДИК денеска ќе дава „отчет“ !
Досегашните резултати од процесот поврзан со Избирачкиот список ќе се дознаат денеска.
Од Државната Изборна комисија највија седница на кој се очекува да се соопшти дали има услови за избори според досегашните провереки.
Речиси сите рокови со овој процес се пробиени. Уште не се знае колку е точно бројот на сомнителни гласачи и колкумина од нив ќе бидат избришани од Избирачкиот список. Она што досега беше познато е дека проверката на терен завршила и се работи на внесување на податоците од анкетните листови во електронска форма.
Аминистративно пак мета на проверка беа 100.000 гласачи, а тој процес требаше да се заврши до 31 март.
Откако ДИК ќе ја заврши целата проверка податоците ќе ги достави до надлежните институции кои треба да одлучат што понатаму.
89.383 спорни гласачи беа на листата за теренска проверка.
