Во новиот Луна парк во Скопје ќе се вртиме на лулашки за 6,5 милиони евра
На местото на стариот Луна парк во Скопје се прави нов.
До каде е реализацијата која почна пред три месеци на новиот, модерен забавен парк денеска таткото на градот Коце Трајановски дојде да провери.
Имено Коце се пофали дека забавниот парк треба да почне да функционира од почетокот на новата година, а може и порано, доколку се поволни временските услови.
Изградбата на паркот ќе се одвива фазно во период од неколку години и за истиот Град Скопје ќе потроши околу 6,5 милиони евра .
Во
првата фаза од проектот ќе се постават адреналински, полуадреналински и 3
детски реквизити, како и еден воз на шини, а вредноста на оваа инвестиција е
околу 130 милиони денари. Се очекува овие реквизити да пристигнат до крајот на
годинава, а да се монтираат на почетокот на следната година.
Според кажаното во паркот ќе има разни видови лулашки, вртелешки, тобогани и сличен вид на забавно-рекреативни содржини.
Слично
