До изборите, медиумите не смеат да емитуваат владини реклами
До изборите, државниот сервис МТВ нема да смее да објавува владини реклами и кампањи финансирани од буџетот на Македонија.
Оваа одлука на МТВ следува откако Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми ги извести медиумите дека од 10 ноември 2015 година стапи на сила законот за изменување и за дополнување на Изборниот законик.
Истото важи и за сите радиодифузери, со што тие нема да смеат да објавуваат владини кампањи
До 24 април, според новиот Законик, радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет-порталите) не смеат да емитуваат, односно да објавуваат реклами финансирани од буџетот на државата, од буџетите на општините и на градот Скопје и на сите други лица на кои со закон им е доверено вршење јавни овластувања.
