Економија, финансии, бизнис

Контакт

До април ќе се распише концесија за автопат Гостивар – Кичево

До април ќе се распише концесија за автопат Гостивар – Кичево

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски по доделувањето на решенија за дивоградби во општина „Кисела Вода“, изјави дека оваа година ќе биде распишана концесија за патниот правец од Гостивар до Кичево, со што ќе се затвори целокупниот Коридор 8 од Скопје до Охрид на ниво на автопат.

„Ќе започнеме со изградба на осум регионални патни правци, кои ќе бидат финансирани со средства од ЕБР и Свестка банка. Веќе е доставена целокупната документација до Светската банка и очекуваме нивна потврда“, изјави министерот Јанакиески, кој додаде и дека ќе започне изградба на патниот правец од Градско до Прилеп.

Тој истакна дека овие проекти се од програмата на Владата, притоа додавајќи дека нивниот приоритет е токму реализирањето на програмата.

Љ.Н.

Слично

Поврзани вести