Економија, финансии, бизнис

Контакт

До Ангелов вечерва стоеше Синоличка Трпкова

До Ангелов вечерва стоеше Синоличка Трпкова
На вечерашниот повик на лидерот на Достоинство Стојанче Ангелов се одзва и актерката Синоличка Трпкова која заедно со уште 200 граѓани излезе пред Националниот сервис на МРТВ да му даде поддршка. Веќе неколку вечери по ред Ангелов излегува пред МРТВ каде со групата граѓани го искажуваат незадоволството од политиките на Националниот сервис кој не ги објавува снимките на опозицијата со образложение дека за истите добиле забрана од Обвинителството. Не може ние да ги плаќаме, а тие да ја штитат само власта наместо граѓаните“- порача Ангелов. Синоличка Трпкова изрази восхит од она што Ангелов го прави и решила да излезе заедно со него вечерва, бидејќи како што вели самата Националниот сервис е плаќан од страна на граѓаните и сакаат да бидат информирани, а многумина не знаеле што се случува во земјава. Таа во нејзиното излагање направи една компарација велејќи: „Тоа ви е исто како да земете плата и во продавница, наместо да купите производи по своја желба, продавачот ќе ви даде по свој избор“ – истакна Трпкова. Трпкова ги повика граѓаните да му се придружат на Стојанче Ангелов и да се изборат за нивната слобода. По протестот пред МРТВ, Ангелов и неговите приврзаници протестираа и пред Јавното обвинителство каде побараа оставка од Марко Зврлевски. (Фото:Мкд.мк)
Слично

Поврзани вести