ДО 2026 ГОДИНА ЌЕ ИМА НЕДОСТИГ НА АРАБИКА: Кафето станува луксуз?
Цените на кафето вчера се зголемија како директна последица на воведувањето на царината на САД за бразилскиот извоз од 50 отсто. Кафето Арабика веднаш поскапе.
Од почетокот на годината, цената на кафето од сортата Арабика на светскиот пазар се зголеми за 25 отсто, а на робуста за 10 отсто, додека за една година цените на кафето се зголемија за 120 односно за 90 отсто.
Цената на кафето се зголеми за 100 отсто во последните две години.
Аналитичарите велат дека неизвесноста на пазарот е предизвикана од инфлацијата, климатските промени и пониските приноси. Бразил и Виетнам се најголеми производители на кафе во светот.
Проценките за следната берба се намалени поради екстремно сушниот период за време на созревањето на новите залихи и затоа се очекува недостигот на Арабика да се почувствува барем до 2026 година.
foto freepik.com/azerbaijan_stockers
