Економија, финансии, бизнис

Контакт

До 2025 година Германија ќе трпи последици од војната во Украина

До 2025 година Германија ќе трпи последици од војната во Украина

Германија со години ќе ги чувствува последиците од војната во Украина.

Економистот Марсел Фрацшер од Германскиот институт за економски истражувања (DIW) вели дека долго ќе се задржи и високата инфлација. 

Влијанието на војната би можело да се чувствува сѐ до 2025 година, кога Германија според владините процени би требало целосно да се ослободи од зависноста од рускиот гас.  Германија со децении напредуваше поради евтино снабдување со руски енергенси. 

„Војната во Украина му нанесе огромна штета на германското стопанство“, вели Фрацшер во интервјуто за агенцијата Reuters. 

Рече дека активностите годинава ќе пораснат можеби само за 1,5 отсто, во споредба со 4,5 отсто прогнозираните во јануари.

Европа ја чекаат 5 до 10 тешки зими. И францускиот претседател Емануел Макрон рече дека завршија времињата на безгрижноста и изобилството. 

foto freepik.com/Racool_studio

Слично

Поврзани вести