Економија, финансии, бизнис

Контакт

До 2017, Турција меѓу владетелите на земјината орбита!

До 2017, Турција меѓу владетелите на земјината орбита!

До 2017 година Турција планира да стане еден од десетте водечки светски сателитски оператори, изјави генералниот директор на Турската национална компанија за сателитска технологија, Озкан Далбај.

„Кон крајот на ’80-те години од минатиот век Турција аплицираше за проект за инсталација на сателитот ТУРКСАТ во земјината орбита и тогаш доби право за инсталација на степените 31, 42 и 50, што беше од стратешка важност“, истакна Далбај.

Според него, а во рамки на Планот за стратешки развој од 2009 година, кон крајот на 2014 Турција ќе го лансира сателитот ТУРКСАТ 4А.

„Ние сме на 16. место на листата земји според развојот на сателитската комуникација. Со сателитите ТУРКСАТ 4А и 4Б, ќе го унапредиме своето место за две или три позиции. Планираме да имаме пет сателити, Секако тоа не е доволно за Турција. Нашата цел е до 2017 година да бидеме меѓу првите десет сателитски оператори во светот“ изјави Далбај за „Анадолија“.

Слично

Поврзани вести