Економија, финансии, бизнис

Контакт

До 15 март поднесете Годишна даночна пријава

До 15 март поднесете Годишна даночна пријава
Годишна даночна пријава до 15 месецов поднесете во Управата за јавни приходи, доколку во измината 2015 година, сте оствариле дополнителни приходи. Ако освен плата, пензија или приход од земјоделска, самостојна дејност, сте оствариле и приходи од: кирии, издавање на имот - закуп или подзакуп, авторски права, индустриска сопственост, исплатена дивиденда, капитална добивка од продажба на учество во капитал и недвижен имот, добивка од награднa игрa во износ поголем од 5.000 денари,  приходи остварени од игри на среќа преку специјализирани странски интернет страни,  лични примања од странство и други приходи, треба да поднесете Годишна даночна пријава. Во пријавата ПДД-ГДП која е бесплатна,  овозможен е компјутерски внес на податоците во бараните полиња. Откако ќе ги пополните податоците, отпечатете ја пријавата во 2 примерока. Доколку ја поднесувате вашата пријава преку пошта доставете само еден примерок.
Слично

Поврзани вести