Економија, финансии, бизнис

Контакт

До 10.000 евра помош ќе добијат превозници на меѓународни линии

До 10.000 евра помош ќе добијат превозници на меѓународни линии

Од 3.000 до 10.000 евра помош e предвидена за превозници на меѓународни линии. 

Ова е дел од помошта предвидена од петтиот сет на економски мерки. 

Помош ќе добијат транспортните компании регистрирани во регистарот на Министерството за транспорт и врски, кои поседуваат лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници. 

Предлог пресметката опфаќа 50 компании со вкупен број на вработени 951 (со различен број на часови на кои се осигурени). Во предлог пресметката предвидено е да бидат исплатени 13.653.750,00 денари за исплата на компаниите.

Со Мерката 8 – Финансиска поддршка за превоз на патници во патниот сообраќај, е предвидена скалеста поддршка на транспортните компании регистрирани во регистарот на Министерството за транспорт и врски кои поседуваат лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници, при што минималниот износ ќе изнесува 3.000 евра, а максималниот 10.000 евра.

Слично

Поврзани вести