ДНК анализата потврди – телото е на Дениса!
Безживотното тело на млада девојка пронајдено пред 20-тина дена во близина на грчкиот остров Карпатос е прилепчанката Дениса Марковска, покажа извршената ДНК анализа.
Со повеќе од 99% точност резултатите потврдиле дека 23-годишната девојка е мртва, а за тоа било информирано нејзиното семејство. Сепак, тие не добиле никаков официјален документ и се сомневаат во истрагата на грчките организа, па ќе бараат нова обдукција и во Македонија.
Иако идентитетот е потврден, истрагата во Грција не понуди никакви одговори како загина младата Дениса, која работеше на бродот за крстарење „Серенисима“.
Девојката мистериозно исчезна од бродот, ноќта меѓу 12 и 13 септември, а потрагата по неа траеше неколку недели. Во потрагата се вклучи и Интерпол.
Слично
