ДНЕВНИОТ ТРОШОК Е НАД 400 ДОЛАРИ: Oва е најскапата дестинација за 2025 година
Најновото истражување на финансиската компанија „Форекс комплекс“ покажа дека Исланд е на првото место на листата на најскапи места за одмор во 2025 година, барем кога станува збор за американските туристи. Истражувањето опфатило 19 меѓународни дестинации, а Исланд се издвоил со просечен дневен трошок од над 400 долари, што е повеќе од која било друга земја во анализата.
Една од главните причини за толку високите цени е инфлацијата во Исланд, која изнесува 5,5 отсто, а што директно влијае врз цените на сместувањето, храната и превозот.
„Флуктуациите на валутите можат значително да ги променат трошоците за патување, дури и во земји со стабилни локални цени. Промените на курсот можат незабележливо, но суштински да влијаат врз туристичкиот буџет, а оние што го занемаруваат тоа би можеле да имаат многу поскапо лето од планираното“, порачуваат од „Форекс комплекс“.
На второто место на листата на најскапите дестинации е Австралија, со просечен дневен трошок од околу 280 долари. Иако инфлацијата таму е релативно ниска - 2,4 отсто - цените на услугите и понатаму остануваат високи.
foto Wikipedia/APK
