Дневник: „Веро“,„Окта“ и „Скопска пивара“ извлекуваат пари од Македонија во Грција!
„Веро“,„Окта“ и „Скопска пивара“ се дел од фирмите што имаат префрлено пари од Македонија во своите филијали во Грција, објави „Дневник“, повикувајќи се на извори од финансискиот сектор.
„Средства земени како кредити префрлиле „Веро“ и „Окта“, додека „Пивара“ префрлила пари од сопственото портфолио. Се дознава дека синџирот супермаркети зел кредит од околу 10 милиони евра од Стопанска банка од Скопје и овие пари ѝ ги префрлил на својата матична компанија „Веропулос“ како авансно плаќање. Според истата шема и рафинеријата „Окта“ зела кредит од 5 милиони евра од друга македонска банка и по ист принцип овие средства ги префрлила во Грција, најверојатно на сметка на „Хеленик петролеум“. „Скопската пивара“, пак, од својата сметка кон Грција одлеала сопствени средства од остварениот профит“, пишува весникот.
„Регистриран е одлив на капитал во вредност од околу 1% од БДП само кон една земја, што е доказ дека компаниите што работат во земјава ги помагаат своите матични фирми што се соочуваат со криза“, изјави неодамна Богов и додаде дека не станува збор за грчките банки што работат во Македонија.
Слично
