Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дневница од 480 евра - докажано ветена земја

Дневница од 480 евра - докажано ветена земја

Деца во норвешкиот град Балстрад секој ден работат околу средување на риба бакалар, за што заработуваат и до 480 евра. 

Оние кои се брзи и на кои работата им оди добро, можат да заработат и дневница од неколку илјади круни. 

За бакалар има голем интерес во земјата, а исто така и за извоз поради што многу деца млади можат да се вклучат во работата. 

16 годишниот Тригве Петерсен ја раскажува својата приказна. Неговиот татко е рибар и го научил како брзо и лесно да ги чисти рибите. Затоа не е ни чудо како Петерсен брзо напредувал. 

„Кога почнав со оваа работа, исчистив 2 килограми риби во текот на денот. Денес можам да исчистам и по 80 килограми на ден и да заработам 4.500 круни или 477 евра“ - вели ова момче. 

Додава дека ова е одлична можност младите сами да заработат и да си дозволат мобилен телефон, лап топ, облека. 

Петерсен раскажува дека заштедил доволно пари за да прошета од Њујорк до Хаваите. 

Слично

Поврзани вести