Дневен хороскоп 31 08 2016 Среда
Овен
Денеска вашите мисли ќе бидат свртени кон модата и желбата да го обновите сопствениот гардеробер и стил. Немојте да се плашите да креирате стил преку кој ќе се искажете целосно како се чувствувате внатрешно. Вие сте богата и слоевита личност, покажете го тоа. Немојте да се воздржувате ако сакате да побарате совет било да се работи од моден кретарор или некоја ваша блиска личност која има добро изграден моден стил.
Бик
Денеска сакате целото свое време да го поминувате со саканата личност, но планетарната енергија може да ви ги измести работите поради кариерата на еден од вас. Може да ви се појави неочекувана прилика која не би требало да ја пропуштите и по цена на тоа дружење. Подоцна ќе имате време да го надопоните тоа што не сте можеле со саканата личност.
Близнаци
Вашите колеги денеска ќе се обидат да извлечат нешто од вас и на слободен ден, но вие не знаете секогаш да кажете не. Сега е добро време да го научите тоа, бидејќи веќе никогаш нема да имате мир. Бидете пристојни и внимателни, но и одлучни по потреба. Може да добиете повик од далечен роднина со кој не сте се слушнале долго време. Уживајте во разговорот.
Рак
Денеска можете да талкате во светот на фантазијата, магијата и волшебниците. Замислете се себе дека сте во центарот на случувањата во најубавиот фустан на тронот. Обрнете малку внимание на симболите и деталите кои можат да ве поврзат со вистинските работи во животот. Вашата фантазија сака нешто да ви каже.
Лав
Веќе подолго време сте многу зафатени, професионално и приватно, па сега сакате и романтични средби и случувања. Ако во моментов сте о врска немојте да го заборавите партнерот и посветете му доволно време. Ако сте сингл, денеска можете да биде денот на судбоносна средба. Љубов на прв поглед е возможна и тоа со некој стар пријател.
Девица
Денеска ќе размислувате како да заработите дополнителни пари за некои свои работи или амбиции. Веројатно се ќе биде во врска со вашата подобра половина или некој многу добар стар пријател. Пазете кога ќе одите низ трговските центри бидејќи ќе бидете подложни на импулсивно купување за другите и себе.
Слично
