Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дневен хороскоп 31 05 2016 Вторник

Дневен хороскоп 31 05 2016 Вторник
ОВЕН Енергијата полека ве напушта и немате сила да се изборите со најобичните проблеми. Сакате да се занимавате со големи работи, а принудени сте да мислите на секојдневицата и да се борите за опстанок. Во љубовта ви оди добро и не правете драма дека не го добивате она што ви е потребно. Денес постои можност да запознаете личност која доаѓа од далеку. Личноста е она што ви треба и потрудете се да и дадете шанса. БИК Навистина сте успеале да постигнете рамнотежа и тоа на сите полиња: полни со елан, добро здравје и нормално љубов која ви ја дарува саканата личност. Работата некако паѓа во втор план. Ве очекува многу среќа и радост така да не треба да го губите времето на споредни работи. Сепак треба да внимавате од секој вид на претерување, особено во храната и алкохолот. БЛИЗНАЦИ Доколку сте пропуштиле нешто во изминатиот период, денес ќе имате шанса да ја поправите грешката. Особено ако сте пропуштиле договор со некој странец или странска фирма. Во овој период бидете на дистанца со луѓе кои имаат пороци. Тие би можеле да ве во вовлечат во неволји од кои тешко ќе се извлечете. Партнерските односи ви се добри и партнерот се обидува да ве задоволи. Доколку сте сами, можно е повторно да се зближите со старата љубов. РАК Доколку имате намера да започнете семеен бизнис, ова е вистинско време за тоа. Останатите ракови ќе мораат да чекаат подобри времиња за да направат нови чекори. Бидете мирни и не драматизирајте премногу. Вашите пет минути ќе дојдат, а дотогаш ќе морате да бидете трпеливи. Ако сте слободни, можно е да се појави интересна личност која ќе ве освои. Бидете внимателни и не замижувајте пред знаците на агресија што се видливи. ЛАВ Денес ќе ви се случи повторување на некоја ситуација која ја имавте во изминатиот период. Нема да се случи ништо ни добро ни лошо, туку едноставно ќе морате повторно да го преживувате истото. Ако сте слободни, бидете внимателни какви избори правите. Многу лесно можете да бидете заведени од нечии убави зборови или добар изглед. Тажно е кога на крај ќе сфатите дека сето тоа било празно и без емоции. Чувајте се од разочарувања. ДЕВИЦА Сакате да смените некои работи, но ве нервира неизвесноста. За да го направите тоа што го сакате, ви треба побрза реакција, а тоа моментално не можете да го постигнете. Се е како што треба, а сепак на крај не дава резултат. Ова е период во кој ќе треба да ги исклучите емоциите, ако сакате да напредувате. Колку и да се обидувате да започнете нешто ново, емоциите ве враќаат назад и не ви даваат да се ослободите од минатото. Ако имате постојан партнер, не донесувајте непромислени одлуки. ВАГА Бидете подготвени да ги симнете критериумите ако сакате да постигнете нешто повеќе. Свесни сте дека заслужувате многу повеќе, но кога тоа не е возможно задоволете се со она што го имате и чекајте ги вашите пет минути. Ако сте сами, можно е да и се вратите на старата љубов. Престанете да тагувате и обидете се да ја обновите љубовта. Ако не го сторите тоа може да ви остане тага која тешко ќе помине. Контролирајте го стресот. СКОРПИЈА Имате потреба да направите драма од секоја случка. Многу сте комуникативни, но никогаш не се отворате до крај и тоа делува многу таинствено. Денес почнува период со многу акција. Се што ќе преземете ќе биде со вистинска и успешна завршница. Ако сте слободни, бидете внимателни и не губете ја главата. Можно е да влезете во романса која сосема ќе ве измести од место. Контролирајте го внесувањето на алкохол и не претерувајте со забавите. СТРЕЛЕЦ Многу работи не зависат од вас и затоа е најдобро да се опуштите и релаксирано да ги чекате промените кои доаѓаат. Не дозволувајте да ве зафати огорчување и апатија. Чувствувате дека некои луѓе ве предале и тоа многу тешко ви паѓа. Не потклекнувајте сега, кога сте на чекор до победата. Партнерот ви приговара дека се однесувате расипнички и не водите сметка за финансиите. Ќе морате да се согласите со него и да почнете да штедите. ЈАРЕЦ Оптоварени сте со финансиите и не можете да се опуштите. Денес е можно да стапите во контакт со странска фирма која ќе ви даде надеж. Добро осмислете ги преговорите за да можете долго да соработувате. Ако сте сами, еден пријател ќе ви понуди да ве запознае со една личност која има многу сличности со вас. Во прво време ќе се премислувате и нема веднаш да се согласите со предлогот. Не пропуштајте ја шансата што ви се нуди. ВОДОЛИЈА Комуникацијата со колегите и со соработниците е добра. Ова особено важи за соработниците кои се поврзани со странство. Бидете внимателни со документацијата и завршете ги административните работи на време. Може да се случи да заборавите нешто и да морате повторно да се вратите на тоа што мислите дека веќе сте го завршиле. Обидете се да ги испоштувате желбите на партнерот и да покажете дека имате слух за неговите проблеми. Само така ќе го добиете вниманието кое го заслужувате. РИБИ Чувствувате немир и не можете да се опуштите. Свесни сте дека некои ситуации се надвор од вашата контрола и тоа ве оптоварува. Ситуацијата на работното место е напната и не знаете како да се однесувате кон колегите. Бидете мирни, зашто ова е само период кој брзо ќе помине. Ако сте сами, веќе подолго време сте заинтересирани за една личност која не ви дава никакви знаци. Време е отворено да кажете што чувствувате.
Слично

Поврзани вести