Дневен хороскоп 28 07 2016 Четврток
Овен
Денеска самодовербата ви е на високо ниво, но ќе морате многу да се докажувате. Некои прашања од минатото можат повторно да се вратат на репертоар, а можно е и да ве фати трема во незгоден момент. Сето тоа ќе влијае на партнерот и семејството. Пробајте да останете објективни.
Бик
Овој ден ќе ви донесе многу непредвидени проблеми, особено ако се работи за соработници во рамките на поголем тим. Пречувствуително реагирате на секој вид на критика, вклучувајќи тука и еден Рак или Лав со кои никогаш не сте биле во состојба лесно да ги решите проблемите во врска со финансиите.
Близнаци
Помладите можеби ќе ви се однесуваат многу чудно во следните неколку дена, ќе бидат срамежливи, повлечени пред другите и бадијала ќе сакате да им ги претставите своите миленичиња. Постарите кои ја стекнале својата самоувереност и сигурност со годините, сепак ќе дејствуваат од заднина, без некоја потреба да се истакнуваат или да доминираат во своето опкружување, било да се работи за приватен или, пак, за деловен план.
Рак
Преморени сте и потребен ви е мир, но Вие како да не посакувате тоа да го направите, поради тоа што морате да го промените планот. Подготвени сте да одите преку своите можности и размислувате како да се изборите со конкуренцијата, без разлика за што станува збор и со која работа се занимавате.
Лав
Денес може да имате силни емоции кон некого, а со каков квалитет сепак зависи од вашиот личен хороскоп, но и од хороскопот на личноста со која стапувате во контакт или сте на некаков друг начин поврзани, како на пример, со децата или едното од нив. Ако е во прашање личност од спротивниот пол, можеби чувствата ќе бидат романтични што е доста несвојствено за вас, но поизгледно е дека ќе манифестирате заводливост и шарм. Сепак, не манипулирајте со другите
Девица
Се чувстувате добро во друштво на еден Стрелец со кој можете лесно да воспоставите добра комуникација. Верувате во можноста за добар исход од работата со еден Рак, Јарец или Бик со кои секогаш сте биле во добри односи. Можно е продолжување на соработката со Лав кој често ве критикува.
Слично
