Дневен хороскоп 26 06 2016 Недела
Овен
Моменталната поставеност на планетите навестува многу акција и настани. Ќе бидете многу немирни и емоционално нестабилни. Не донесувајте нагли одлуки и не решавајте за ништо важно, бидејќи ќе бидете под влијание на спротивставување на желби, па и вашето однесување ќе биде непредвидливо. Емотивните односи ви се нестабилни особено кај оние во сериозните врски.
Бик
Не сте подготвени да попуштите пред барањата на некој кој сметал на вас. Не влегувајте во расправии со ониe кои не се доволно зрели или кои имаат нешто против вас. Денес можете да бидете прилично сентиментални или носталгично расположени поради нешто што се однесува на вашиот успех во минатото. Имате можност да го повторите. Верувате дека ќе можете да се снајдете во некоја нова работа која би можела да ви донесе добра заработка.
Близнаци
Убаво ќе се забавувате и покрај тоа што некои личности ќе се обидат тоа да ви го расипат. Ќе бидете духовити и рамнодушни што се однесува до нив едноставно омаловажете ги. Ве очекува љубовна средба која долго ја планиравте, и после која треба да донесете некои важни одлуки. Бидете потрезвени размислете добро, внимавајте да не избрзате. Очекувајте пари, особено ако имате некој во странство.
Рак
Ќе размислувате на креативен начин. Бидејќи нема да имате некоја среќа во функционирањето на материјален план ќе се ориентирате на работи кои ќе ви помогнат убаво да се чуствувате. Некои претставници ќе уживаат во риболовот, некои ќе медитираат, а пак некои ќе пишуваат песни. Во секој случај ќе уживате. Кај некои претставници можна е нова љубов.
Лав
Еден од подобрите денови ако имате намера да започнете соработка или разговор за тоа со некој Рак или Стрелец. Јарецот има практични совети кои можат да ви бидат од голема корист ако имате време да се сретнете со лице кое често патува во странство и има добри врски со деловни лица. Можете да добиете повик кој ќе ве направи среќни.
Девица
Претставниците на овој знак се поставуваат авторитативно без намера, всушност нема ни да бидат свесни за тоа. Деловниот партнер или членовите на семејството може да добијат впечаток дека им префрлате за нешто. Комуникациите ќе ви бидат нарушени, затоа не навлегувајте во долги дебати, бидејќи ќе завршат со кавги.
Слично
