Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дневен хороскоп 26 05 2016 Четврток

Дневен хороскоп  26 05 2016 Четврток
Овен  Препреките кои ги имавте на работното место успешно ќе ги преминете, а оптимизмот значително ќе ви порасне. Некои овни охрабрени од ваквата ситуација ќе прифатат и нови и поголеми предизвици на деловен план. Ве советуваме да бидете потрпеливи и мудро да раководите со финансиите. Ќе добиете пари, но не во очекуваната количина. Новото пријателство ќе ви помогне да ги залечите старите рани. Бик Моменталната поставеност на планетите навестува многу акција и настани. Ќе бидете многу немирни и емоционално нестабилни. Не донесувајте нагли одлуки и не решавајте за ништо важно, бидејќи ќе бидете под влијание на спротивставување на желби, па и вашето однесување ќе биде непредвидливо. Емотивните односи ви се нестабилни особено кај оние во сериозните врски. Близнаци Некои нови прилики во семејниот живот како и можноста за купување на недвижнини, градење, премногу ќе делуваат врз вас. Ќе промените нешто во вашиот секојдневен живот, па сето тоа заедно ќе ви создава стресна ситуација. Во љубовта можеби малку ќе се одалечите од партнерот или ќе се исплашите да не бидете повредени. Слободните многу ќе внимаваат да не се изгорат. Рак Слободните ќе уживаат во моменталниот стил на живеење – многу средби, разговори, новини, озборувања. Можно е многу успешно кратко патување. Во сериозните врски доаѓа до заладување или затегнување на односите. Заборавете накратко на обврските и бидете пак млади и заљубени. Многу ќе бидете приврзани кон родителите и роднините. Здраствената состојба ви е одлична. Лав Поголем дел енергија ќе ви донесе работата. Можеби ќе влезете во некоја нова работа или нова работна средина. Ќе ви биде овозможено да користите било каква погодност туѓи пари, кредит и сл. Бидете штедливи и не влегувајте во нелегални комбинации. Почитувајте ги предпоставените и не влегувајте во непотребни расправии. Девица Во љубовните односи треба да бидете внимателни и со резерва. Вие го сакате најдоброто, но некој не ве цени доволно. Со вашето однесување ќе се обидете да ја докажете сопствената верност, но сеуште со задоволство се жртувате за другите и заборавате на себе. Друштвени сте, но емоциите ги држите под клуч, и најважното ќе се случува далеку од очите на јавноста.
Слично

Поврзани вести