Дневен хороскоп 25 08 2016 Четврток
Овен
Ви се закануваат агресии, но засега ќе успевате да ги избегнете кавгите со околината особено со колегите и претпоставените. Ќе бидете нервозни и вашите потези нема да даваат најдобри резултати. Емоционалниот живот ви е пријатен и хармоничен. Ќе имате многу добар контакт и одлично ќе се разбирате со партнерот
Бик
Денеска сакате целото свое време да го поминувате со саканата личност, но планетарната енергија може да ви ги измести работите поради кариерата на еден од вас. Може да ви се појави неочекувана прилика која не би требало да ја пропуштите и по цена на тоа дружење. Подоцна ќе имате време да го надопоните тоа што не сте можеле со саканата личност.
Близнаци
Напнатоста се намалува, ќе бидете задоволни со себе, а ќе се подобрат и односите со соработниците, роднините и пријателите. Ќе имате многу енергија и ќе знаете самите животот да си го направите поинтересен. Добро ви се аспектирани долготрјаните работи како и работите поврзани со недвижнини, па затоа би требало да му посветите повеќе внимание.
Рак
Топли и чувствителни кон природата. Денеска ќе бидете многу чувствителни. Ќе размислувате се секс и романтика цело време. Ќе сакате да се гушката со саканата личност и гледате фиолмови кои ќе ви ја разбудат фантазијата. Не е лошо да ја наполните кадата и организирате капење за двајца. Се зачинете го на крај со романтична вечера и ќе имате ноќ за паметење.
Лав
Подгответе се однапред денеска ве очекува многу работа. Ако не можете сами побарајте некој кој ќе ви помогне. Не дозволувајте некој злобен колега да ви ги расипе вашите работни планови. Во љубовниот живот не ги ги сокривајте емоциите, бидејќи вашиот партнер не ќе знае што чуствуате кон него, па тоа може да доведе до несакани ситуации. Потрудете се повеќе.
Девица
Денеска ќе размислувате како да заработите дополнителни пари за некои свои работи или амбиции. Веројатно се ќе биде во врска со вашата подобра половина или некој многу добар стар пријател. Пазете кога ќе одите низ трговските центри бидејќи ќе бидете подложни на импулсивно купување за другите и себе.
Слично
