Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дневен хороскоп 23 11 2015 Понеделник

Дневен хороскоп 23 11 2015 Понеделник
  Овен Денешниот главен предизвик е мудро користење на ресурсите. Ќе имате зголемена желба за слободарско однесување и трошење средства на забава и убави моменти. Уживајте во романсата, дружењето со пријателите и изразете ја својата креативност. Бик Сконцентрирајте се на парите и заработувањето. Всушност, некои од вас можеби нема да одолеат на искушението да си дозволат некое луксузно задоволство. Подоцна во текот на денот поинаку ќе размислувате за работите. Близнаци Како резултат на иделизмот, ќе бидете мотивирани подобро да се разберете себе си и личностите од примарна важност во вашиот живот. Вашите потреби и желби ќе бидат силно стимулирани, па тоа би можело да ве направи премногу рецептивни и ранливи. Посвете се на партнерот и овозможете слободен проток на емоциите. Рак Семејните дискусии ќе бидат напнати и интензивни. Можеби главната цел за тоа е вашата потреба да внесете подобрувања во домот и во односите со домашните. Во разгледувањето на ситуациите, земете го во предвид и гледиштето на другите. Лав Вашите хоризонти се прошируваат. Стекнувате нови увиди за некои животни ситуации и откривате нови можности да ги унапредите односите со другите, а посебно со партнерите. Некои од вас чувствуваат интелектуален глад и потреба за нови контакти. Девица Денес се очекуваат промени во дневниот распоред. Иако работните околности ќе бидат турбулентни, мала е веројатноста дека ќе бидете засегнати од нив. Нема да бидете многу отворени за комуникација и ќе бидете целосно посветени на вашите мисли и емоции. Вага Денес имате можност да ги завршите практичните работи и ситните детали, затоа што имате остар ум. За некои дискутабилни и проблематични прашања би требало да разговарате со некоја поискусна или повозрасна личност. Скорпија Ќе уживате во вниманието на припадниците на спротивниот пол. Ќе оставате добар впечаток на околината и ќе остварувате нови познанства. Активниот начин на живеење и присуството на свеж воздух, ќе ве опушти и ќе ве ослободи од сите грижи и проблеми. Стрелец Имате погрешна проценка за некој од вашите соработници и го пролонгирате решавањето на заедничкиот проблем. Немојте да го предизвикувате вниманието на себе ако претходно немате обезбедено некаква поддршка. Во големиот занес на вашата емотивна желба, можеби премногу брзате. Почувствувајте ги емоциите на другата страна. Тоа ќе ви донесе поголема јаснотија. Јарец Ако планирате да купувате или продавате недвижнини, одложете го тоа за неколку дена. Немојте да се поставувате над другите членови во семејството и немојте да делегирате. Наместо тоа, настојувајте да внесете рамноправност во односот. Водолија Немојте да мислите дека нешто ќе ви биде поклонето. Ќе мора здраво да се потрудите, ако сакате да оставите добар впечаток и да можете да напредувате. Ќе имате доста обврски во домот, но ќе имате доволно време да се посветите на домашните. Риби Денес вибрирате од креативна енергија и сте желни за забава и движење. Како резултат на зголемената свесност, некои проблеми од минатото ќе дојдат до точка на разрешување. Ќе имате јасна слика за некои случки од минатото.
Слично

Поврзани вести