Дневен хороскоп 23 08 2016 Вторник
Овен
Вашето внимание е обземено од детали. Ако оваа карактеристика се манифестира на работно поле, ќе успеете да завршите и средите многу обврски. Но, aко се манифестира на лични и психолошко ниво – логично е дека ќе се најдете во лавиринт без излез. Засега, едноставно фокусирајте се на она што е пред вас.
Бик
Би можеле да стигнете до некоја важна информација или контакт преку разговорот со една повозрасна личност. Некои од вас премногу размислуваат за надежите и желбите. Ако премногу се оддадете на ваквите размислувања, логично е да очекувате замаглување на менталната леќа. Сконцентрирајте се на сегашните животни случувања.
Близнаци
Имате премногу обврски кои задолжително мора да ги завршите, но ви недостасува време. Побарајте помош од пријателите и завршете ги задачите. Некој пријател од детството ќе ве повика на заедничко патување. Не се двоумете, заминете и поминете си убаво.
Рак
Емотивната состојба е нестабилна и ве принудува на непромислени потези. Нека не ве заплашуваат сегашните проблеми бидејќи во иднина доаѓаат уште посериозни. Ќе пронајдете разумно решение кога ќе се смирите и убаво ќе размислите. Некоја Вага очекува финансиска помош од вас.
Лав
Навистина среќен ден за претставниците родени во втората декада, бидејќи ќе сретнат сродна душа со која што ќе споделат незаборавни моменти, а оние кои се во брак ќе воспостават хармонија со семејството. Нека не ве загрижува досегашната неповолна финансиска состојба затоа што таа почнува да се подобрува. Вашето здравје е повеќе од добро.
Девица
Чувствувате внатрешен немир и имате пориви кои немаат конкретен вектор на исполување. Денес ќе ви биде тешко да се организирате и да имате редослед на активностите. Постојано нешто размислувате и барате, надевајќи се дека ќе испадне нешто добро. Не се грижете премногу – немирот е во вас, не е во надворешниот свет.
Слично
