Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дневен хороскоп 23 05 2016 Понеделник

Дневен хороскоп 23 05 2016 Понеделник
Овен Навистина среќен ден за претставниците родени во втората декада, бидејќи ќе сретнат сродна душа со која што ќе споделат незаборавни моменти, а оние кои се во брак ќе воспостават хармонија со семејството. Нека не ве загрижува досегашната неповолна финансиска состојба затоа што таа почнува да се подобрува. Бик  Ќе биде обичен ден како и секој друг. Не се плашете да го споделите мислењето со вашите колеги. Ќе имате време денес и за малку забава. Правете повеќе активности со партнерот и зацврстете ја врската. Обрнете внимание и на пријателите, секако. Најдете рамнотежа. Близнаци  Вниманието ќе ви биде насочено кон финансиите и некакви сериозни акции и трансакции кои мислите да ги сторите или кон некакво вреднување на некакви нешта, можеби дури и личности, низ сериозни и конструктивни разговори или размена на информации. Во оваа смисла и едното и другото може да се комбинира поради сериозен разговор за некакви финансиски прашања со едниот родител. Исто така, вашата трудољубивост ќе биде во подем и тоа не само денес, туку и во следните неколку дена. Рак  Направете нешто за луѓето кои ви се важни. Сами контролирајте ги работите и ќе бидете во можност да имате контрола и врз резултатите. Односите со личност од спротивниот пол може да доведе до една интересна конфронтација. Останете фокусирани на она што треба да го сработите денес и се ќе биде во ред. Лав  И покрај тоа што би сакале да правите нешто друго денес, вашите обврски може да ве задржат дома. Само прифатете го тоа. Еден телефонски повик може да фрли светлина врз некоја тензична ситуација. Бидете покрај пријателите кои поминуваат низ тежок период. Девица Ова е ден во кој може да завршите многу работи или сериозно да размислите или пак да правите простор за некакви нови нешта, нови активности. Ова е ден на многу информации, многу можности за запознавања на нови лица, соработки кои ќе ви донесат поголеми приходи. Внимавајте на стајлингот, за да не бидете погрешно сфатени.
Слично

Поврзани вести