Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дневен хороскоп 22 08 2016 Понеделник

Дневен хороскоп 22 08 2016 Понеделник
Овен  Употребете ги своите практични способности во различни ситуации. Доколку ви е важно да се разликувате во однос на своите соработници, бидете доволно ефикасни и убедливи. Осмислете оригинален настап, важно е да ги контролирате новите случувања. Умеете да блеснете во вистински момент, а партнерот не може да остане рамнодушен на вашиот шарм или појава. Бик Ќе добиете шанса да освоите нечии симпатии и можеби ќе добите добра деловна понуда за која не можете ни да сонувате. Ќе бидете подготвени да влезете во некој недоволно разработен аранжман кој се однесува на странство или на медиумите, но на вас тоа нема да ви пречи. Не го кажувајте тоа што ги нервира другите, особено ако во вашата околина имате лица кои се чувствителни на секој збор. Бидете достоинствени и држете до себе. Можна е добра соработка со некој Лав. Близнаци Денес е за вас еден секојдневен ден во кој може да бидете многу успешни, активни и сето тоа убаво да ви се валоризира како финансиски, така и како респект на значајна личност, можеби некакви ветувачки муабети со неа, навестувања за можни промоции, промени и слично. Во секој случај, многу радост и веселба поради успешно завршување и финализација на некој вид на бизнис. Можеби и по некој ситен подарок како знак на внимание што сте му помогнале некому или сте го заложиле својот авторитет. Рак Успеси во секојдневната работа, наоѓање на другите при рака, незаменливост кај некои личности кои ќе сакаат да комуницираат исклучиво со вас и само со вас, особено ако професионалната дејност и дневните активности подразбираат нега на некого или некои, во најширока смисла на зборот. Иако има навестувања во аспектите дека ќе се занимавате со личности кои не ви се достасани на некакво поле, токму тоа е и убавината да им помогнете токму на таквите. Но внимавајте на своето его и внимавајте на своето здравје во овие неколку денови. Лав Бидејќи поседувате неуморна енергија, искористете ја како што треба. За почеток, учете да креирате односи со околината, но и други работи. Бидете подготвени да ги исполнувате туѓите желби, но ќе видите многу убави работи. Во фаза сте на донесување многу важна одлука. Одморете го вашиот мозок викендов, и понеделнички донесете ја вашата правилна одлука. Девица Бидејќи упорно настојувате да добиете од другите она што не се во состојба да ви го дадат, кавгата е неминовна. Се советува внимателност, и тоа не само кога се во прашање зборови. Обидете се аналитички да му пријдете на проблемот и да најдете за него оправдување. Доста ви е од трач и озборување. Се повлекувате во свој свет, па на мир анализирате се што ви се случува. Собирате сила за нови победи, а ќе имате победи за некој ден.
Слично

Поврзани вести