Дневен хороскоп 22 06 2016 Среда
Овен
Ќе постапувате помалку непромислено и неспретно. Чувајте се од нечија љубомора и злоба. Ќе ве побараат да излезете со друштво на некоја забава, а можеби и на некое предавање или семиниар. Секако дека е добро да го прифатите, но внимавајте од провокации. Попладнето ќе ве обземе романтичнио расположение и нема да имате желба да одите да бучни места, ќе ви одговара интимна атмосфера.
Бик
Ќе бидете многу популарни и приметени од секого. Ќе се најдете во една голема фрекфенција на средбии промени на планови и сето тоа ќе ве прави пренапнати но со својата енергичност ќе успеете да ја надокнадите концентрацијата и понекој погрешно изговорен збор. Воздржете се од непотребни изјави. Односите со семејството се многу важни.
Близнаци
Вашите односи со околината, партнерот или некоја постара личност од кругот на вашите роднини особено ќе бидат проблематични и не ќе можете да најдете излез. Клучниот збор за вакавата ситуација е ,,прилагодување,, но при тоа ниту вашите залихи на енергија не се бесконечни. Време е да ги наполните батериите. Во љубовта многу ви е важна поддршката од партнерот. Слободните се склони кон еротски излети.
Рак
Моменталната поставеност на планетите навестува многу акција и настани. Ќе бидете многу немирни и емоционално нестабилни. Не донесувајте нагли одлуки и не решавајте за ништо важно, бидејќи ќе бидете под влијание на спротивставување на желби, па и вашето однесување ќе биде непредвидливо. Емотивните односи ви се нестабилни особено кај оние во сериозните врски.
Лав
Убаво ќе се забавувате и покрај тоа што некои личности ќе се обидат тоа да ви го расипат. Ќе бидете духовити и рамнодушни што се однесува до нив едноставно омаловажете ги. Ве очекува љубовна средба која долго ја планиравте, и после која треба да донесете некои важни одлуки. Бидете потрезвени размислете добро, внимавајте да не избрзате. Очекувајте пари, особено ако имате некој во странство.
Девица
Се ќе биде добро ако денес никој не ви се спротивстави или ја критикува вашата работа. Ќе се чуствувате супериорно во решавањето на интелектуалните проблеми, а во таа еуфорија внимавајте некого да не навредите. Понекогаш знаете нешто непромислено да кажете. Во емотивната врска ве очекуваат мали расправии за некои стандардни проблеми. Здравје: посететте го вашиот лекар и побарајте совет.
Слично
