Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дневен хороскоп 22 01 2016 Петок

Дневен хороскоп 22 01 2016 Петок
Овен Плановите што ги имавте околу работата полека почнуваат да се реализираат. Не дозволувајте да ве обземе сомнеж и да се блокирате. Денес ќе добиете признание од колегите кое долго го очекувавте. Вашата флексибилност и дипломатско однесување ви отвора многу врати и време е да го искористите тоа. Со партнерот се обвинувате околу некои работи кои се толку мали и воопшто не вреди да се зборува за нив. Ако сте вљубени, се уште не сте свесни дали тоа што го доживувате е сон или јаве. Бик Денешната планетарна емергија ја поттикнува вашата амбиција. Прашањата поврзани со вашиот професионален живот ќе ви биде главна преокупација. Ќе размислувате што понатаму во деловна смисла. Размислувате и за унапредување во моменталната работа, а може и за промена на работното место. Донесете конкретни одлуки. Близнаци Денес ќе се чувствувате како да летате и како да се дојдени вашите пет минути. Плановите ви се исполнуваат без пречки и конечно можете да здивнете. Единствено што може да ве измачува се некои ситни работи на кои им посветувате особено внимание. Денес е можно враќање на еден стар долг. Партнерските односи се подобруваат благодарение на вас. Партнерот се уште не е подготвен да соработува, но вие станувате се пофлексибилни. Рак Доколку се занимавате со образование, денес ќе имате многу успешен ден. Можен е финансиски прилив и некое признание кое ќе ве орасположи. Студентите ќе треба да го искористат овој период за да завршат многу работи кои ги започнале во минатото. Вам работата ви е на прво место и затоа денес ќе уживате во реализацијата на плановите. Партнерот има некои планови околу домот во кои сака да ве вовлече и вас. Лав Малку претеравте со трошење на пари и сега е потребно длабоко да воздивнете пред да ги погледнете новите сметки кои треба да ги платите. Немојте веднаш да кревате паника бидејќи ќе пронајдете дополнителен извор на пари без никаков труд. Немојте само да мислите дека тој дополнителен прилив на пари значи дека и понатаму ќе можете да трошите без размислување. Девица Ова е одличен ден размислување на сето она кое ви се случи изминатите недели. Кога ќе ги согледате сите аспекти, повторно ќе испадне дека премногу сте работиле и сте занемариле важни работи во вашиот живот. Дајте си еден ден одмор и дружење со пријателите. Немојте да мислите на работа, туку само на забава. Вага Времете денеска немојте да го потрошите на работа. Чистењето и уредувањето на домот оставете го за некој друг ден. Денеска треба да се друшите со пријателите и семејството и да уживате. Размислете за попладневни игри со децата. Вечерта посветете му ја на партнерот. Ако имате свои деца, ангажирајте некој да ви ги чува. Ќе уживате цело време! Скорпија Вашите мисли ќе бидат сконцентрирани на работата иако ќе сакате да се посветите на семејството и пријателите, но нема да можете да се оттргнете од работата. Сред разговор ќе имате потреба да ги прегледате меиловите, да ги побарате колегите или деловниот партнер. Вашето семејство ќе ве поддржува во се, но знаете дека вашето отсуство им причинува болка. Стрелец Ова е добар ден за средување на финансиски прашања. Изгледа дека вашите кредитни картици сте ги испразниле до крај, но како да не сте свесни за ситуацијата. Размислете каде можете да заработите дополнителни пари, а планетите ќе ви го покажат начинот. Само полека, средете ги сметките пред се, за да можете во иднина да работите во мир. Јарец Денеска ќе се чувствувате мрзоволно и незаинтересирано за светот околу себе. Активностите изминатава недела ја исцрпиле вашата енергија, па не е ни чудно што така се чувствувате. Дајте си еден ден одмор од работата, правете го само она што ве радува. Уживајте во безделничењето, заслуживте! Водолија Себе се сметате како многу рационална личност, но денеска ќе се свртите кон мистичното и духовното. Интуицијата ви е нагласена па искористете ја во одредена ситуација. Таа ќе ви помогне и дополнително да се зближите со саканата личност. Ќе бидете емпатични и полни со разбирање што посебно ќе му се допадне на вашиот партнер. Проблемите кои ве мачат одреден временски период, денеска ќе ги разгледате на еден сосема поинаков начин. Риби Денешната планетарна енергија може да ве доведе до одреден конфликт. Дури и оние кои се обично љубезни кон вас денеска ќе бидат против секоја ваша идеја. Следете ги инстинктите и ако е потребно некои работи направете ги сами. Немојте да очајувајте поради ситуацијата, таа е само привремена и ќе се промени за многу брзо време.
Слично

Поврзани вести