Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дневен хороскоп – 20 11 2015 Петок

Дневен хороскоп – 20 11 2015 Петок
  Овен Внимавајте во односите со членовите од најблиското семејство, а посебно со родителите. Обидете се коментарите и критиките да не си ги земате при срце. Ако сте несигурни и имате чувство на вина, разговарајте со некој близок пријател за да можете да ги разграничите работите. Бик Денес ќе учите нешто ново и ќе уживате во тоа, а посебно методи и планови за тоа како да го унапредите својот и животот на вашите блиски. Тоа би значело дека сте способни да продрете до самиот корен на одредени хронични проблеми во примарните односи и имате можност да внесете темелни промени. Близнаци Иако имате големи очекувања од денешниот ден, сепак работите ќе се одвиваат побавно од очекуваното. Ако ги прибрзувате работите, лесно би можеле да станете нервозни и фрустрирани. Обидете се да ги балансирате фантазиите и очекувањата со мала доза на реалност. Рак Тактиките за игнорирање денес нема да дадат големи резултати, бидејќи претходно потиснатите емоции излегуваат на светлото на денот. Неразрешените емоции, како што е лутината и гневот ќе избијат од вашиот потсвесен ум. Тоа се ваши емоции и би требало да ги разрешите. Лав Денешниот ден носи решенија за некои прашања кои ви се важни и отвора можности за генерални подобрувања на партнерско ниво. Имате јасни идеи и превземате иницијатива. Некои ќе се воодушевуваат од начинот на кој им пристапувате на животните ситуации. Останете во дослух со вашата интуиција. Девица На вашиот хоризонт се отвораат различни можности и вие сте подготвени да зачекорите кон иднината. Животот има потенцијал да се претвори во интересна авантура, а вие сте подготвени да стапнете на нова линија на развој. Иако ќе биде потребно да се соочувате со некои ограничувања, тоа не значи дека погрешно сте одлучиле. Вага Иако постојат драматични моменти на приватно ниво, сепак можете да излезете како победник, доколку вашите намери се врзани со повисоко добро. Вашиот главен приоритет нека биде добросостојбата на вашето семејство и пријателите. Ќе бидете способни да ги поместите планините, ако останете поврзани со вашата суштина. Скорпија Вашите емоции кон блиските пријатели и партнерите ќе бидат многу силни. Можеби ќе биде заштитнички настроени кон некого и ќе бидете подготвени на секакви отстапки. Ваквите емоции би можеле да ве направат љубоморни, посебно ако другата личност не ви возврати на правилен начин. Стрелец Ќе бидете задоволни и среќни од случувањата во највблискиот круг на семејството. Чувствувате дека околностите се движат во нагорна линија. Освен тоа, некои од вас се наоѓаат пред голем исчекор на работно и професионално ниво. Јарец Луѓето имаат доверба во вас и веруваат на вашите зборови. Некои од вас ќе се впуштаат во некои дискусии со цел да ги разјаснат работите, но можеби се уште не ги разбирате работите во целост. Иако можеби вашата глава е во облаците, сепак држете ги нозете стабилно на земјата. Водолија Партнерите и блиските пријатели, денес ќе бидат фактор на нестабилност и непредвидливост. Најверојатно, партнерите ќе побараат повеќе простор за себе, а тоа е она од што се плашевте. Обидете се да бидете сигурни во себе и во оние што ги сакате, и се ќе биде во ред. Риби Вашата доверба, оптимизам и ентузијазам ќе ги направи денешните контакти со другите луѓе конструктивни и ефективни. Ќе успеете да делувате на мислењето на една за вас важна личност и тоа ќе значи подобрување во секојдневното функционирање. Некои други прашања сеуште се одолговлекуваат – почекајте вистински тајминг.
Слично

Поврзани вести