Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дневен хороскоп – 19 11 2015 Четврток

Дневен хороскоп – 19 11 2015 Четврток
  Овен Сконцентрирајте се на најважните односи во вашиот живот и запрашајте се како функционираат. Се чини дека ќе мора повеќе внимание да посветите на оние што ви значат, доколку сакате да го одржите балансот во односот. Некои од вас ќе се осмелат на некои храбри чекори. Бик Односите со надредените фигури ќе бидат плодни и успешни. Оставате одличен впечаток и ја стекнувате нивната доверба. Оние што планираа да заминат на патување, можно е да ги идложат плановите. Разговорите со поискусните од вас ќе ве инспирираат да продолжите по зацртаната Близнаци Имате погрешна проценка за некој од вашите соработници и го пролонгирате решавањето на заедничкиот проблем. Немојте да го предизвикувате вниманието на себе ако претходно немате обезбедено некаква поддршка. Во големиот занес на вашата емотивна желба, можеби премногу брзате. Почувствувајте ги емоциите на другата страна. Тоа ќе ви донесе поголема јаснотија. Рак Вашата потсвест е активна и немирна. Некои сомнежи од минатото повторно се присутни. Ќе бидете притаени и постојано ќе размислувате. Можеби ви се потребни одговори за некои прашања од минатото. Доколку сте во брак или врска, покажете поголемо разбирање и толеранција во односот со партнерот. Лав Од ненадеж ќе се појават нови гледишта или начини за решавање на некои проблеми кои се поврзани со долгови и кредити. Новиот развој на настаните ќе внесе оптимизам и возбуда во секојдневието. Се појавува верба за постабилна иднина. Се чини дека ќе имате подобри околности од оние на кои се надевавте. Девица Имате потреба од движење и промена на опкружувањето. Можеби сте уморни од вашата околина или едноставно сакате да земете малку воздух и да почувствувате слобода. Љубовните околности се малку несигурни и осцилативни. Вага Желни сте да направите нешто поинакво. Се чини дека ви е потребен стимул за да се задвижите. Направете некои мали промени во однесувањето или делувањето за да го задоволите поривот за возбуда и динамика. Испробувајте нови модели на однесување и пристап. Направете нешто што никогаш не сте го направиле. Ако сте сами, направете смел чекор! Скорпија Важно е да го оправдате вашиот углед на работното место. Понекогаш различните обврски можат да бидат товар, но тоа не е оправдување за неодговорно завршената работа. Обидете се да поттикнете кај себе поголема одговорност. Во семејните односи покажете повеќе доверба. Стрелец Слободните моменти поминете ги во друштвото на саканата личност и блиските. Близината на најмилите ќе ви помогне да не мислите на насобраните проблеми, а посебно ќе биде корисен советот на родителот или некоја повозрасна личност. Рационално трошете ги парите и не влегувајте во не потребни трошоци. Јарец Во разговорите со другите би можеле да имате некотролирани емоционални реакции. Иронично, но кога ќе се спушти прашината, ќе сфатите дека работите се подсобрени, вклучувајќи го тука и вашето однесување. Водолија Вашето стоење во општество се подобрува. Вклучете се во некои клубови, здруженија, курсеви и обновете ги вашите пријателства. Ова е еден од најубавите периоди кога можете многу лесно да се интегрирате, а во исто време да запознаете нови личности. Размислувајте за вашите планови, желби и надежи – луѓето ќе ве поддржуваат. Риби Вашиот пристап кон околината, а посебно кон членовите на семејството се менува – станувате свесни за некои лични карактеристики и воспоставувате промена во ставот. Имате потреба за подобра организација, па во следните денови ќе бидете повеќе ефикасни и продуктивни.
Слично

Поврзани вести