Дневен хороскоп 18 12 2015 Петок
Овен
Ќе бидете многу ангажирани, но не треба да очекувате некои поважни настани туку мирно ќе продолжите со вашите проекти и во овој момнет нема изразито наповолни аспекти, па воглавно ќе бидете успешни и задоволни. Настојувајте што подобро да го искористите овој ден и да ја зацврстите вашата позиција во работата. Емотивните врски се стабилни.
Бик
Време е за промени и трансформации во својата кариера. Ќе треба време за да стане јасно како ќе изгледа вашиот нов професионален живот, но верувајте, се движите во вистинската насока. Понекогаш е подобро да го прочитате прирачникот, може да биде од голема корист.
Близнаци
Сте работеле толку напорно и среќни сте што можете да легнете до вашиот партнер и да се одморите. Не дозволувајте гордоста да спречи компромис. Благословени сте со извонредна издржливост и можете да издржите до крајот и тоа да донесе значителни резултати.
Рак
Не се одалечувајте во моментот ако вашите колеги почнат да ве нервираат. Тие би можеле да имаат проблеми за кои немате никакво знаење. Темпото на вашиот живот ќе се забрза. Запишувајте си ги сите кретивни идеи, бидејќи денес ќе ги имате многу. Можно е да излезете на убав состанок.
Лав
Релативно поволен ден, но ќе бидат присутни и елементи кои ќе ви претставуаат проблем и препрека и ќе ве прават нервозни и немирни. Ќе се зголемат и ограничувањата кои ќе ви прават сериозни кавги и расправии. Ви се закануваат долготрани непријателства кои ќе ве оптеретуваат и ќе ви причинуваат тешкотии во работењето. Комуникациите не ви се за пофалба а финансиската ситуација воопшто не ви е стабилна.
Девица
Се помалку стресови во однос на изминатите денови. Но и понатамиу ви се закануваат непријатни изненадувања. И тоа најмногу од личности кои ви се одговорни. Соработиницита на работа ќе ви бидат се понаклонети, но не ќе можете да почуствувате дена би можеле повеќе да ви помогнат и да ви дадат поголема подршка. Па затоа сега ќе треба повеќе да мирувате и да не превземате ниту почнувате поголеми и поважни работи.
Вага
Неизвесноста и застојот во работата ќе ви биде зголемен. Но не треба многу да се грижите бидејќи наскоро ќе успеете да се насочите во вистинската насока. Во љубовните односи ќе морате да бидете конкретни и практични и да работите на сигурно зацврстувајќи го она што моментално го имате во вашите раце. На слободните му советуваме да причекаат уште некое време додека емотивно не се средат.
Шкорпија
Оставете нешто настрана за неочекуван трошок. Фокусирајте се на иднината. Финансиските прашања ќе напредуваат во позитивна насока, иако ќе треба да се земе втор поглед на некои деловни договори. Не трошете премногу пари за еден одреден производ.
Стрелец
Вие сте обично оној кој се обидува да избега штом конфронтација или караница доаѓа на вашиот пат. За жал, тоа не е опција денес. Дојде време да се исчистат работите. И не можете да го направите со мек говор. Соочете се. Треба да се подобри грижата за себе. Начинот на кој го живеете сега, може само да го загрози вашето здравје.
Јарец
Патување нема да предизвика проблеми во моментот. Пријателски однос ќе се врати во нормала по добар разговор. Се чувствувате уназадени кога станува збор за работата. Го искористувате слободното време за да бидете во тек. Осигурајте си време само за себе или, во спротивно, ќе се разболите.
Водолија
Не се обидувајте да направите се одеднаш. Ништо не е толку важно за да се присилувате себеси или другите за компромис. Чувствувате дека тензијата се зголемува? Обидете се да ја намалите. Од вечерта па понатаму ќе бидете полни со енергија.
Риби
Нема да се случат поголеми промени во однос на претходните денови. Неповолните аспекти се се помалку, па затоа работите добро ќе ви напредуваат, иако финансисиите помалку ќе ве загрижуваат. Ќе имате многу добри осноси со околината особено со соработиците и пријателите, па затоа ова е одличен ден за работи поврзани со комуникации. Во љубовта ве очекуваат одлични моменти и односите со партнерот ви се подобруваат.
Слично
