Дневен хороскоп 18 07 2016 Понеделник
Овен
Се се наоѓа во вашите раце, но под услов да реагирате во вистински момент и во согласност со заедничките правила за успешно работење. Добро проценете ги своите работни намери и реални можности. Нема потреба да ја пренесувате својата нервоза на саканиот(ата), направете нешто во прилог на подоброто расположение и взаемно разбирање.
Бик
Мислите дека имате премногу работни или приватни обврски, а дека некој друг поминува безгрижно и дека ја користи вашата добра волја. Доколку ви пречи нечие опуштено однесување, потрудете се да воведете ефикасен принцип на уважување и рамноправност. Чувствувате латентна вознемиреност. Потребен ви е некој(а) кој(а) може да го разубави вашето емотивно расположение.
Близнаци
Како резултат на иделизмот, ќе бидете мотивирани подобро да се разберете себе си и личностите од примарна важност во вашиот живот. Вашите потреби и желби ќе бидат силно стимулирани, па тоа би можело да ве направи премногу рецептивни и ранливи. Посвете се на партнерот и овозможете слободен проток на емоциите.
Рак
На средбата со соработниците, повремено ви недостасува трпение и смисла за дипломатски манири. Забрзувате некои работни ситуции, но се има своја добра или лоша страна. Потребно е да прифатите нечија понуда и да го корегирате своето однесување. Емотивните дилеми кои ве пратат не треба дополнително да ги продлабочувате, партнерот очекува да ги исполните своите ветувања.
Лав
Вашите хоризонти се прошируваат. Стекнувате нови увиди за некои животни ситуации и откривате нови можности да ги унапредите односите со другите, а посебно со партнерите. Некои од вас чувствуваат интелектуален глад и потреба за нови контакти.
Девица
Денес се очекуваат промени во дневниот распоред. Иако работните околности ќе бидат турбулентни, мала е веројатноста дека ќе бидете засегнати од нив. Нема да бидете многу отворени за комуникација и ќе бидете целосно посветени на вашите мисли и емоции.
Слично
