Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дневен хороскоп – 17 11 2015 Вторник

Дневен хороскоп – 17 11 2015 Вторник
  Овен Денешниот ден ќе биде спонтан и ќе се развива едноставно. Во поголемиот дел од денот ќе уживате во односите со другите, а посебно групните активности. Но, некој од вашите блиски би можел да го разниша вашето его и да ве натера на конфронтирање. Бик Денес ќе бидете стимулирани на различни начини. Ќе бидете фасцинирани од се што блеска, па внимавајте да не ги идеализирате работите. Воздржете се од донесување одлуки и обидете се да бидете трезвени и рационални. Близнаци Денес можеби ќе се бара од вас да се спротивставите на некоја група од луѓе или некаква форма на колектив. Многу вешто ќе се справувате со групните активности, затоа што инстинктивно ја разбирате нивнта структура на моќ. Многу добро сте свесни дека сите работи се поттикнати од личноста која се наоѓа на врвот од пирамидата. сите општествени структури функционираат на тој начин. Рак Внимавајте во односите со членовите од најблиското семејство, а посебно со родителите. Ако сте несигурни и имате чувство на вина, разговарајте со некој близок пријател за да можете да ги разграничите работите. Лав Ако некој избегнува да разговара за прашањето кое ви е важно, логично би било да запрашате дали можеби нешто не е во ред. Најверојатно ќе ве збуни реакцијата на одредена личност и ќе ве натера подлабоко да размислите околу целата ситуација. Девица Премногу размислувате за некои прашања и проблеми. Свесни сте дека треба да донесете некои важни одлуки или да повлечете смели акции во текот на следниот период. Имајте доверба во себе и смело чекорете напред! Вага Влеговте во период на неизвесност, па затоа чувствувате зголемена несигурност и страв. Ќе морате со ведрина да му пристапувате на животот и се ќе биде во ред. Важно е да не давате големи ветувања, па никој нема да може да ве обвини за неуспех. Правете ги работите најдобро што знаете и не се поставувајте во улога на жртва. Скорпија Извесни се решенија или погодности кога се во прашање парите, но не би требало да брзате со заклучоци. Ситуацијата е подложена на процесирање и бара будно следење на развојот на околностите. Избегнувајте импулсивни одлуки на финансиски план, а посебно ако тие се поврзани со ресурсите и имотот на другите. Стрелец Обидете се да не реагирате на провокациите наодредени личности. Нема да биде лесно, но на тој начин ќе успеете да го задржите доброто расположение. Избегнувајте ги ризичните потфати и влегување во поголеми трошоци. Не сте во состојба да донесувате објективни проценки, па подобро би било да внимавате. Јарец Во заеднички интерес е професионално – финансискиот ризик да се сведе на минимум и актуелните проблеми да се решаваат во најбрз можен рок. Коректно почитувајте ги сите договори. Обидете се правилно да ги процените околностите во кои се наоѓате. Можноста за импулсивни реакции е многу висока. Водолија Избегнувајте натпреварувања и докажувања од било каков вид. Таковиот пристап обично дава сигнал на несигурност и нестабилност. Не дозволувајте околностите со вашите соработници или надредени да ви ја поткопаат самодовербата. Риби Поставувате високи барања пред членовите на вашето семејство и можете да го почувствувате нивното незадоволство. Не можете секогаш да ја форсирате својата волја, а посебно ако живеете во поголемо семејство. Ако не покажете толеранција и еластичност, лесно би можеле да влезете во конфликт со некого.
Слично

Поврзани вести