Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дневен хороскоп – 16.11.2015 Понеделник

Дневен хороскоп – 16.11.2015 Понеделник
ОВЕН Нечии ставови и размислувања ќе ви делуваат збунувачки. Паралелно ќе се зголемува вашата самодоверба и вашата вредност на работното место. Можеби сте очекувале нешто друго од она што го живеете и чувствувате, но и тоа е само краткотрајна работа со која треба да се соочите на вешт начин. Сè уште имате доволно енергија и минат труд за се да доведете во ред. БИК Нетрпеливоста и нервозата се зголемува и понатака во вас. Можеби и вам понекогаш ќе ви се чини дека љубовта е далеку од вас. Сепак, таа е поблиску одошто ви се чини, само што во моментов не се покажува. Ако сакате да успеете, ќе треба да преземате повеќе ризици од обично. За најдобри резултати, концентрирајте се на квалитетот, а не на квантитетот. БЛИЗНАЦИ Потсетете се дека не се сите толку организирани како вас. Ослободете се од преголемите љубовни очекувања, сега е подобро да се биде реален. Добро е да поработите на имунитетот и на надополнување на енергијата која многу брзо ќе ја трошите. РАК Не верувајте во сè што ќе чуете. Луѓето сакаат да преувеличуваат за да ги направат своите приказни позабавни. Денот ќе ви изобилува со среќни краткотрајни моменти во знакот на флерт и шармирање.  Отидете на прошетка и добро наспијте се. ЛАВ Некои работи е полесно да се кажат отколку да се направат, но вие трудете се да го остварите секое ветување што ќе го дадете. Клучот на успехот во работата денес се наоѓа во соработката и прифаќањето на по некој компромис. Проблеми може да се јават во вид на несоница, немир. ДЕВИЦА Престанете да се обидувате сами да го покорите светот. Не ги изневерувајте луѓето кои веруваат во вас.  Нагласена ќе биде работата во тишина, но вие така ќе се борите за своите идеи. Ќе чувствувате болки во коските, проверете можеби станува збор само за настинка. ВАГА Вашиот деловен интерес полека се насочува кон вложувања. Она што сте го постигнале, тука е, но сега на дневен ред доаѓаат некои неиспитани или скриени работи.  Внесете промени во просторот околу вас. И малите детали ќе ве прават среќни затоа што знаете дека се внимателно избрани. СКОРПИЈА Пред вас е ден кога ќе имате многу прилики за зацврстување на врската. Друштвени настани на кои присуствуваат влијателни луѓе ќе ви помогнат да дојдете до многу важни информации. Не пропуштајте ги. Соработниците честопати ќе бараат совет и помош од вас. СТРЕЛЕЦ Покажете им на вашите колеги дека им верувате и поддржувате и бидете сигурни дека тие ќе ви возвратат со иста мера. Ви претстои период на монотонија и губење на желбата за работа. ЈАРЕЦ Вашите соништа ви се најголемата мотивација. Иако целите високо, сè што правите, правете го чекор по чекор. На некои од вас ќе им биде понудено да ја водат целата работа и во тоа ќе се снајдат повеќе од добро. ВОДОЛИЈА Вашето доминантно присуство ќе ги сврти сите погледи кон вас, а вашата самоувереност ќе придонесе многумина да сакаат да ги следат вашите совети и инструкции. Ќе ви се чини дека љубовта ви бега од раце за милиметар. Тоа ќе ве нервира и ќе ве растажи. РИБИ Многу лица ќе ве гледаат со восхит, а тоа вам ќе ви подари чувство на важност. Некои ваши љубовни очекувања ќе бидат исполнети и покрај пречките или фрустрациите. Повторно ќе се појави поддршка од другите на која не сте се надевале.
Слично

Поврзани вести