Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дневен хороскоп 15 01 2016 Петок

Дневен хороскоп 15 01 2016 Петок
Овен Вашите колеги денеска ќе се обидат да извлечат нешто од вас и на слободен ден, но вие не знаете секогаш да кажете не. Сега е добро време да го научите тоа, бидејќи веќе никогаш нема да имате мир. Бидете пристојни и внимателни, но и одлучни по потреба. Може да добиете повик од далечен роднина со кој не сте се слушнале долго време. Уживајте во разговорот. Бик Веќе подолго време сте многу зафатени, професионално и приватно, па сега сакате и романтични средби и случувања. Ако во моментов сте о врска немојте да го заборавите партнерот и посветете му доволно време. Ако сте сингл, денеска можете да биде денот на судбоносна средба. Љубов на прв поглед е возможна и тоа со некој стар пријател. Близнаци Денеска ќе размислувате како да заработите дополнителни пари за некои свои работи или амбиции. Веројатно се ќе биде во врска со вашата подобра половина или некој многу добар стар пријател. Пазаете кога ќе одите низ трговските центри бидејќи ќе бидете подложни на импулсивно купување за другите и себе. Рак Денеска ви чини дека е сончево само на другата страна од улицата, а вие не сте на таа страна. Не го држете лошото чувство во себе. Или осмелете се да одите таму каде е сметате дека е подобро или останете каде што сте и бидете задоволни со она што го имате. Клучот на вашето среќа се наоѓа во вас, без оглед каде сте и што правите. Лав Денеска можете да талкате во светот на фантазијата, магијата и волшебниците. Замислете се себе дека сте во центарот на случувањата во најубавиот фустан на тронот. Обрнете малку внимание на симболите и деталите кои можат да ве поврзат со вистинските работи во животот. Вашата фантазија сака нешто да ви каже. Девица Денеска забрзајте го темпото на работа, Дајте му место на креативното во вас и тоа ќе ве одведе до брзи и добри одлуки. Ако ви се чини дека нешто не е во ред, немојте да очајувате. Опуштетесе и препуштете и се на интуицијата. Ако не тргне само од себе, немојте залудно да си ја трошите енергијата. Побарајте помош. Вага Денот започнете го вежиби за да си ги расчистите мислите пред да ви започнат работните обврски. Растегнете го телото и натерајте ја крвта побрзо да ви тече низ вените. Кога добро ќе го истегнете телото, подобро ќе ви работи и мозокот. Имате прилика да започнете се со повеќе енергија, Немојте да ја пропуштите за да не западнете во депресија. Скорпија Денеска направете нешто корисно за својата заедница. Размислете како можете дополнително да ги унапредите своите работни вештини кои ги поседувате. Можете да волонтирате или да дадете крв. Во секој случај ќе бидете чекор понапред кон луѓето на кои сте им потребни. Стрелец Ако имате потешкотии со решавање на некој голем проблем, немојте да се обесхрабрувате или да побегнете. Клучот е да се искрши проблемот на мали делови кои можете да ги анализирате за да видите како изгледа големата слика. Чекор по чекор и ќе ги решите проблемите, но мора да бидете упорни. Кога ќе погледнете на овој начин, ништо не е невозможно. Јарец Денеска ви изгледа дека сите околу вас се забавуваат додека вам ви е тешко. Немојте да проценувате на основа на претпоставка за друите. Сите имаат свои проблеми, а тоа што имаат насмевка на лицето не мора да значи дека се им од и од рака. Вие сте моментално преокупирани до долгорочни планови па затоа ви е јасно дека се не ви е послужено на дланка. Водолија Мечтаењето денеска има голема улога во вашиот живот. Немојте да се срамите поради тоа. Вашите чувства за слобода и креативност носат со себе големо количество на животната енергија. Таа енергија е поврзана со вашите сили. Размислите малку за ова пред да ги отфрлите идеите кои ви надоаѓаат. Риби Денеска вклучете го својот рационален ден во размислувањата. Ако вашиот ум упорно ве турка во светот на фантазијата, јавете и се на личност која знае добро да ве приземји. Очигледно дека денеска ви се чини дека нешто сакате, но телото вам не ве слуша. Дозволете луѓето околу вас да ве инспирираат да излезете од ова расположение.
Слично

Поврзани вести