Дневен хороскоп 14 12 2015 Понеделник
Овен
ожете да извлечете максимум од ситуацијата во која сте се нашле поради ваша вина, особено ако бидете попустливи и љубезни. Лицето кое ви е драго, пријатно ќе биде изненадено од вашите ставови. Ви претстои заеднички пократок пат со партнерот. Можни се проблеми со уринарниот тракт.
Бик
Ќе биде обичен ден како и секој друг. Не се плашете да го споделите мислењето со вашите колеги. Ќе имате време денес и за малку забава. Правете повеќе активности со партнерот и зацврстете ја врската. Обрнете внимание и на пријателите, секако. Најдете рамнотежа.
Близнаци
Од денес нема веќе недоразбирања и одложувања. Најдете начин да ги сработите задачите кои веќе некое време ги запоставувате. Емоциите ќе излезат на површина. Не се задлабочувајте во размислување бидејќи нема потреба од грижи.
Рак
Направете нешто за луѓето кои ви се важни. Сами контролирајте ги работите и ќе бидете во можност да имате контрола и врз резултатите. Односите со личност од спротивниот пол може да доведе до една интересна конфронтација. Останете фокусирани на она што треба да го сработите денес и се ќе биде во ред.
Лав
И покрај тоа што би сакале да правите нешто друго денес, вашите обврски може да ве задржат дома. Само прифатете го тоа. Еден телефонски повик може да фрли светлина врз некоја тензична ситуација. Бидете покрај пријателите кои поминуваат низ тежок период.
Девица
Ако веќе сте се одлучиле за нешто одредено не дозволувајте некој да ве предомисли. Можете да изгубите храброст ако добиете негативна критика за вашите планови и тоа е сосема непотребно. Следете ја вашата интуиција поради тоа што работи совршено. Ова ќе биде пријатен ден. Ќе имате добри разговори со вашите пријатели или колеги и атмосферата ќе биде одлична.
Вага
Мрзливи сте и секој го знае тоа. Обично тоа на другите не им проблем, но оваа недела ќе биде различно. Ќе добиете отпор за нешто, но покажете ја вашата најдобра страна и веднаш ќе се заборави тоа. Секоја иницијатива која ќе ја преземете, нема да трае долго. Можно е многу брзо нешто или некој да ви стане здодевен денес.
Шкорпија
Внимавајте на вашиот телефон. Можеби ќе добиете изненадувачка порака или повик. Прилично чудни и нерасположени ќе бидете денес. Ќе сакате да направите се одеднаш иако тоа не е возможно. Прифатете ги работите онакви какви што се.
Стрелец
Одлични сте во визуелизација на работи. Во вашите мисли се изгледа токму онака како што сакате и се што треба е тоа да го претворите во реалност. За жал, ќе ви бидат потребни особини кои не ги поседувате, па затоа побарајте помош. Ќе се чувствувате напнато околу луѓе денес. Можеби треба некој дел од денот да го поминете сами.
Јарец
Оние во врска ќе бидат креативни на романтично ниво. Може да употребите свеќи, вино, рози, се она што е потребно за партнерот да се чувствува посебно. Можете да си дозволите малку полуксузен живот, како резултат на добрата финансиска состојба. Можно е да се судрите со некој член на семејството. Внимавајте на зборовите кои ќе ги кажете и минимализирајте ја напнатоста.
Водолија
Ако не сте задоволни со вашиот изглед, никој не ви забранува да направите некои промени. Вие не се плашите да ги покажете вашите чувства. Најверојатно денес ќе бидете мрзеливи и воопшто нема да ви се работи. Обидете се да ја победите мрзеливоста.
Риби
Вие ништо не и оставате на случајноста, а штом не оди онака како сте замислиле, започнувате со силна борба да ги реализирате вашите идеи. Припадниците на овој знак кои имаат деца можат да очекуваат некакви проблеми во врска со нив. Убавите партнерски односи ве исполнуваат со топлина. Можни се алергиски реакции.
Слично
