Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дневен хороскоп 13 01 2016 Среда

Дневен хороскоп 13 01 2016 Среда
Овен Некој кој неодамна поминал преку тешка болест или операција денеска ќе ви се јави. Можете оваа личност да ја повикате и да и организирате мала прослава по повод оздравувањето. Гостите ќе ви донесат интересни информации. Посебно ако ви се допаѓа една Вага. Уживајте во дружењето и опуштете се, заслуживте малку одмор. Бик Денешната планетарна емергија ја поттикнува вашата амбиција. Прашањата поврзани со вашиот професионален живот ќе ви биде главна преокупација. Ќе размислувате што понатаму во деловна смисла. Размислувате и за унапредување во моменталната работа, а може и за промена на работното место. Донесете конкретни одлуки. Близнаци Инстинктот и одлучноста ќе ве одведе до неконвенционален начин на заработка на пари. Може дури да вклучите и некоја професионална личност во сето тоа. Приликата која ќе се појави пред вас нема да помине незабележано. Имате големи планови. Добро размислете пред да започнете со купување на големи работи, немате пари за расфрлање. Рак Пред вас има големи промени кои ќе почнат да се случуваат за брзо време. Веројатно ќе откриете дека вашето соседство или моменталниот дом не ве задоволува на оној начин на кој сте мислеле. Денеска е одличен ден да размислувате за преселба, па затоа фатете се за телефонот и почнете да им се јавувате на агенциите. Можете да погледнете како се движат недвижностите, пријатно ќе се изненадите. Лав Малку претеравте со трошење на пари и сега е потребно длабоко да воздивнете пред да ги погледнете новите сметки кои треба да ги платите. Немојте веднаш да кревате паника бидејќи ќе пронајдете дополнителен извор на пари без никаков труд. Немојте само да мислите дека тој дополнителен прилив на пари значи дека и понатаму ќе можете да трошите без размислување. Девица Ова е одличен ден размислување на сето она кое ви се случи изминатите недели. Кога ќе ги согледате сите аспекти, повторно ќе испадне дека премногу сте работиле и сте занемариле важни работи во вашиот живот. Дајте си еден ден одмор и дружење со пријателите. Немојте да мислите на работа, туку само на забава. Вага Времете денеска немојте да го потрошите на работа. Чистењето и уредувањето на домот оставете го за некој друг ден. Денеска треба да се друшите со пријателите и семејството и да уживате. Размислете за попладневни игри со децата. Вечерта посветете му ја на партнерот. Ако имате свои деца, ангажирајте некој да ви ги чува. Ќе уживате цело време! Скорпија Вашите мисли ќе бидат сконцентрирани на работата иако ќе сакате да се посветите на семејството и пријателите, но нема да можете да се оттргнете од работата. Сред разговор ќе имате потреба да ги прегледате меиловите, да ги побарате колегите или деловниот партнер. Вашето семејство ќе ве поддржува во се, но знаете дека вашето отсуство им причинува болка. Стрелец Ова е добар ден за средување на финансиски прашања. Изгледа дека вашите кредитни картици сте ги испразниле до крај, но како да не сте свесни за ситуацијата. Размислете каде можете да заработите дополнителни пари, а планетите ќе ви го покажат начинот. Само полека, средете ги сметките пред се, за да можете во иднина да работите во мир. Јарец Денеска ќе се чувствувате мрзоволно и незаинтересирано за светот околу себе. Активностите изминатава недела ја исцрпиле вашата енергија, па не е ни чудно што така се чувствувате. Дајте си еден ден одмор од работата, правете го само она што ве радува. Уживајте во безделничењето, заслуживте! Водолија Себе се сметате како многу рационална личност, но денеска ќе се свртите кон мистичното и духовното. Интуицијата ви е нагласена па искористете ја во одредена ситуација. Таа ќе ви помогне и дополнително да се зближите со саканата личност. Ќе бидете емпатични и полни со разбирање што посебно ќе му се допадне на вашиот партнер. Проблемите кои ве мачат одреден временски период, денеска ќе ги разгледате на еден сосема поинаков начин. Риби Денешната планетарна енергија може да ве доведе до одреден конфликт. Дури и оние кои се обично љубезни кон вас денеска ќе бидат против секоја ваша идеја. Следете ги инстинктите и ако е потребно некои работи направете ги сами. Немојте да очајувајте поради ситуацијата, таа е само привремена и ќе се промени за многу брзо време.
Слично

Поврзани вести