Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дневен хороскоп 11 08 2016 Четврток

Дневен хороскоп 11 08 2016 Четврток
Овен  Не ви недостига прилика за забава, а позитивните настани на емотивен план ќе ве поттикнат да се соочите со внатрешните стравови. Денот е одличен за започнување на нешто ново. Верувајте во вашата среќа и искористете ја секоја прилика за истакнување и развој на вашата креативност. Бик Проблемите во љубовта ќе ви го одвлечат вниманието и ќе ви го одземат времето за извршување на бизнис обврските. Не се расправајте со партнерот за неважни нешта кои само ве одалечуваат. Обидете се да размислите и постапете совесно. Некои финансиски средства кои ги очекувате малку ќе доцнат. Близнаци Имате премногу обврски кои задолжително мора да ги завршите, но ви недостасува време. Побарајте помош од пријателите и завршете ги задачите. Некој пријател од детството ќе ве повика на заедничко патување. Не се двоумете, заминете и поминете си убаво. Рак Емотивната состојба е нестабилна и ве принудува на непромислени потези. Нека не ве заплашуваат сегашните проблеми бидејќи во иднина доаѓаат уште посериозни. Ќе пронајдете разумно решение кога ќе се смирите и убаво ќе размислите. Некоја Вага очекува финансиска помош од вас. Лав Навистина среќен ден за претставниците родени во втората декада, бидејќи ќе сретнат сродна душа со која што ќе споделат незаборавни моменти, а оние кои се во брак ќе воспостават хармонија со семејството. Нека не ве загрижува досегашната неповолна финансиска состојба затоа што таа почнува да се подобрува. Вашето здравје е повеќе од добро. Девица Завршете ги важните работи, разговори и состаноци. Ќе бидете многу уверливи и успешно ќе се залагате за сопствените идеи. Храбро ќе влегувате во полемики, дури и кавги од кои ќе излегувате како победник. Ситуацијата во љубовта е нестабилна.
Слично

Поврзани вести