Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дневен хороскоп 11 07 2016 Понеделник

Дневен хороскоп 11 07 2016 Понеделник
Овен Ќе успеете да ја поправите финансиската ситуација. Одличен момент за работа и заработка, но и за подобрување на односите со другите лица. Кога станува збор за љубовта, можете да очекувате пријатно изненадување од партнерот. Чувајте се од настинки. Бик Колку и да се обидувате да ги поправите работите, со вашето тврдоглаво оденсување нема да стигнете далеку. Побарајте помош од ваши блиски личности. Воздржете се од потпишување на важни договори и јавни настапи. Во вашиот љубовен живот ќе забележите дека некои луѓе го пикаат носот таму каде не треба и ви ја усложнуваат вашата ситација. Не го дозволувајте тоа. Близнаци Размислете објективно за тоа до каде сте и како се чувствувате. Моменталната состојба не ви е многу сјајна, но за тоа сте виновни единствено вие, во иднина пред да ги одложувате работите, размислете за последиците. Рак Некој обврзувачки финансиски договор ви создава проблеми. Обидете се да го промените тоа. Закажете деловен состанок на кој ќе бидат потцртани клучните нешта на кои треба да се работи. Ви недостасува време за пријателите, најдете малку слободно време и излезете со нив. Лав Утрото може да ви биде бурно, особено ако ја барате правдата и сакате на секој да му кажете во лице се што мислите. Една Водолија или некој друг Овен поради тоа нема да се лутат, но некој Јарец, Шкорпија, Бик или Вага можат да бидат преосетливи и погрешно да го сфатат вашиот коментар. Девица Препуштете му ги проблемите на времето, оставете ги идеите за некои поповолни денови, исклучете се и уживајте. Искористете го денот за лицата кои на вас ви се драги, пронајдете доволно време за себе и приватните обврски. Нека не ве загрижува неповолниот период, тој брзо ќе помине.
Слично

Поврзани вести