Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дневен хороскоп 10 12 2015 Четврток

Дневен хороскоп 10 12 2015 Четврток
Овен  Искористете ја креативноста која ја имате денес. Работите кои треба да ги сработите ќе ви изгледаат исклучително лесни. Тешките избори може да ви вршат притисок. Имајте трпение ако се занимавате со некој што е агресивен. Бик  Се чувствувате малку заглавени? Ќе добиете помош за справување со тензичната атмосфера. Можеби треба да побарате помош од трета личност ако сеуште имате проблеми со партнерот. Оние кои се сингл дефинитивно треба да пробаат нешто сосема ново. Близнаци  Можна е напнатост поради работата наспроти домашните обврски. Како да го надминете тоа? Бидете искрени, задржете ја комуникацијата, но бидете директни. Не реагирајте импулсивно ако не сте задоволни од начинот на кој се одвиваат нештата. Рак Денес би можеле да влезете во конфликт со личност од спротивниот пол. Ви се чини дека таа личност намерно поставва препреки пред вад и вашиот напредок. Наместо големите расправии обидете се да го промените мислењето и пристапот. Лав  Ќе бидете расположени само за забава и тоа ќе го привлече вниманието на другите кон вас. Дипломатијата ви е непходна во врската, домот и на работното место. Може да очекувате добивка доколку работите со публика или со личности од женскиот пол. Девица  Поволен ден е за да започнете нешто ново, доколку сте подготвени за тоа. Оние кои се сингл нека поработат на изгледот за полесно да го добијат она што го посакуваат. Чувајте си го здравјето и внимавајте што точно внесувате во вашиот организам. Вага  Постојат многу напнатости во воздухот околу вас. Можеби ви се чини дека никој не ве слуша и сите само ви ја исцрпуваат енергијата. Ќе делувате дефанзивно и на моменти прилично луто и агресивно. Веројатно досега блиските лица не ве виделе во такво светло, па нивните реакции ќе бидат различни. Шкорпија  Бидете внимателни како се справувате со нештата денес. Работата ќе ви го земе целото внимание. Поради ова можно е вашата врска да настрада. Сакате да бидете независни, но од друга страна целосно сакате партнерот да биде во ваша посесија. Не е логично, нели? Стрелец  Популарноста ќе ви донесе многу покани и вашето присуство ќе биде барано на различни настани. Немојте да потрошите еден куп пари одеднаш на одмор или на посебна прослава. Денес ќе биде успешен ден за секое ваше поле од животот. Важно е да го следите инстинктот. Јарец  Размислете малку  и бидете свесни за вашите желби и очекувања. Разумно справете се со буџетот со кој располагате. Слушајте си го инстинктот особено во ваквите ситуации. Не е кукавички, туку е мудро ако дозволите времето да си ја заврши својата работа. Водолија  Обично сте многу скромни. Често тоа се смета за предност, но понекогаш малку ви пречи. Може ќе имате чувство дека не сте третирани на фер начин цело време. Тоа нема да се случува ако застанете цврсто за себе. Вниманието денес ќе ви се префрли од работа на љубов. Добро време е за некој длабок и важен разговор со партнерот. Риби  Вашиот ум може да влезе во сериозна борба со вашите чувства. Ако размислувате мудро, како и секогаш, ќе знаете што да правите. Но, вашите чувства нема да се сменат или заминат. Ако нешто треба да се испланира или организирана, вие сте вистинската личност за тоа. Ќе ја земете водечката улога и ќе ви се допадне да бидете корисни.
Слично

Поврзани вести