Дневен хороскоп 10 06 2016 Петок
ОВЕН
Време е за промени и трансформации во својата кариера. Ќе треба време за да стане јасно како ќе изгледа вашиот нов професионален живот, но верувајте, се движите во вистинската насока. Понекогаш е подобро да го прочитате прирачникот, може да биде од голема корист.
БИК
Релативно поволен ден, но ќе бидат присутни и елементи кои ќе ви претставуаат проблем и препрека и ќе ве прават нервозни и немирни. Ќе се зголемат и ограничувањата кои ќе ви прават сериозни кавги и расправии. Ви се закануваат долготрани непријателства кои ќе ве оптеретуваат и ќе ви причинуваат тешкотии во работењето. Комуникациите не ви се за пофалба а финансиската ситуација воопшто не ви е стабилна.
БЛИЗНАЦИ
Вашата финансиска ситуација веќе подолго време е лоша, но тоа не значи дека треба да паѓате во депресија. Соберете се и размислете како да заработите повеќе пари. Тоа е сто пати подобро отколку да се самосожалувате.
РАК
Денеска бидете подготвени на одредени промени на работното место. Вашиот претпоставен ќе почне некој нов проект, кој ќе бара и ваше приспособување. Не грижете се, прифатете ги работите онакви какви што се и почнете да усвојувате нови навики.
ЛАВ
Поради боледување, денеска ќе мора да работите од дома. Не гледајте толку црно на работите. Спојте го корисното со удобното. Уживајте во домашната релаксираност и завршете ги комотно своите обврски.
ДЕВИЦА
Ќе се насочите во различни правци, а личната слобода ќе ви биде главна визија, додека зборовите би можеле да бидат вашето најсилно оружје. Во љубовта ќе бидете љубоморни, ќе барате премногу и ќе му одите на нерви на партнерот.
Слично
